[ФОТО] Славниот актер останал во сенка на премиерата: Сопругата Лусијана го „украла“ целото внимание

Точка

02/10/2026

19:15

474

Големина на фонт

а а а

Во киното „Westwood Village Theater“ во Лос Анџелес се одржа светската премиера на филмот „Animals“ (Животни), нов трилер во режија на Бен Афлек. Меѓу гостите беше и неговиот долгогодишен пријател и деловен партнер Мет Дејмон, кој на црвениот килим пристигнал во друштво на сопругата Лусијана Дејмон.

Овојпат парот имал и посебна причина за гордост, бидејќи и двајцата се меѓу продуцентите на проектот, кој е најновото остварување на продукциската куќа „Artists Equity“, основана од Афлек и Дејмон.

Сепак, кога се вклучиле фотографските блицеви, целото внимание го привлекла Лусијана.

Црвен костум што не се заборава

Лусијана се одлучила за монохроматски костум во силна, огненоцрвена нијанса. Комплетот се состоел од нагласено широко сако со оверсајз крој и панталони со висок струк и широки ногавици кои се спуштале речиси до подот, визуелно издолжувајќи ја нејзината силуета. Под сакото носела едноставна бела кошула, кој создала свеж контраст и дополнително ја истакнала интензивноста на бојата.


Стајлингот го заокружила со црвени чевли со шпиц во иста нијанса, додека долгата кафеава коса ѝ била едноставно стилизирана, а шминката природна и ненаметлива. Единствениот впечатлив моден додаток бил прстенот што блескал на нејзината рака, а со ова издание уште еднаш покажала дека за гламур на црвениот килим не е неопходен вечерен фустан.


Дејмон останал верен на класиката

Покрај сопругата, Мет избрал подискретен, но исклучително елегантен стајлинг. Носел темен костум со фини пруги, кој го комбинирал со кошула и вратоврска во топли кафеави тонови, додека црните кожени чевли го заокружиле беспрекорно деловниот изглед. Токму неговиот моден избор дополнително ја истакнал црвената комбинација на Лусијана, па заедно делувале како совршено усогласен пар кој знае како да се претстави пред камерите.


Дејмон и Лусијана се во брак од 2005 година и важат за еден од најстабилните парови во Холивуд, а заедно одгледуваат четири ќерки.

Филмот во кој Дејмон требало да ја игра главната улога

Интересно е што Дејмон првично требало да биде и ѕвездата на филмот. Главната улога на крајот ја презел самиот Афлек, бидејќи Дејмон морал да се повлече поради обврските околу филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан.

Покрај Афлек, во филмот играат и Кери Вашингтон, Џилијан Андерсон и Стивен Јеун, а дејството го следи кандидатот за градоначалник на Лос Анџелес и неговата сопруга, кои по киднапирањето на нивниот син се вплеткуваат во мрежа од измами додека се обидуваат да соберат пари за откуп.

Филмот пристигнува на Нетфликс на 9 октомври, а истиот ден ќе биде прикажан и во одбрани кина.