Неодамна на социјалните мрежи се појави видео на стенд-ап комичарите Александар Михајловски и Антонио Ташковски, во кое тие се осврнаа на гратис настапот на Бојан Велевски.
Видеото предизвика реакција од Велевски, кој на своето „стори“ објави видео во кое двајцата комичари ги нарече „деца“.
Михајловски, пак, во подкаст „Претрес“ кај Ландов објасни дека видеото било дел од промотивната кампања за нивната стендап-турнеја, а дека неговото објавување во периодот кога се актуелизирала темата со Велевски било само коинциденција.
Михајловски појасни дека целта на видеото не била да предизвика конфликт, туку да послужи како промотивна содржина поврзана со нивните настапи.
„Имав една идеја да ставиме стори за промоција на цела турнеја за стендапот и целата работа се погоди да биде на истиот ден кога Бојан го извадил постот на социјалните мрежи за Кочани“, изјави Михајловски.
Михајловски истакна дека, доколку некој од граѓаните се почувствувал навредено од објавеното видео, тој е подготвен да упати извинување.
„Да се извинам ако некој се нашол навреден на луѓето од Кочани, и за целата ситуација, и воопшто од Македонија, ако некој се нашол навреден на нив, можам да им се извинам. Вистински, заради тоа што погрешно целава ситуација се протумачи“.
Ташковски, пак, појасни дека нивната намера не била преку хумор да се потценува или исмева тема која е особено чувствителна за граѓаните на Кочани.
„Доколку некој се најде навреден и погрешно го разбра тоа кога го објавивме, од срце му се извинуваме. На таа тема не би правеле хумор под ниеден услов“, изјави Ташковски.
На прашањето дали би му се извиниле директно на Бојан Велевски, Михајловски одговори:
„Не, на него не му се извинувам. Он треба да се извини јавно“, рече Михајловски, додавајќи дека според него целата ситуација била извадена од контекст.

„Ова е тотално извадено од контекст. Се погодуваат сторито и постот да се постираат на истиот ден, а два дена подоцна е „Гола Месечина“. Ова е класична клевета. Стендап пратиме сите, да ни вратеше со било какво видео на хумористичен начин работите ќе беа други. Но ти искачаш, маж на 40 години и лажеш, и на крај видеото го завршуваш со постери песната „Ако утре ме нема“...“, додаде Михајловски.
На прашањето дали Михајловски и Ташковски би ја прифатиле поканата да настапат во Кочани, Михајловски рече дека, поради начинот на кој според него бил претставен во јавноста, не би прифатил соработка.
„Само затоа што проба да ме наклевети мене и Антонио исто, не би прифатил никаква соработка и нема потреба од никаква комуникација“, заклучи Михајловски.










