ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се подготвува директна железничка линија

Макфакс

02/10/2026

12:10

169

Големина на фонт

а а а

Северна Македонија и Косово работат на воспоставување на директна железничка линија која ќе го поврзе Скопје и Приштина, овозможувајќи побрзо и полесно патување и транспорт меѓу двата главни града.

Од Скопје до Приштина со воз за околу 50 минути. Железничките претпријатија на Северна Македонија и Косово работат на воспоставување директна линија меѓу двата главни града, со цел таа да биде пуштена во сообраќај следната година, велат од ВЛЕН.

„За граѓаните што патуваат меѓу двете земји, ова би значело побрзо патување и уште една нова можност за транспорт, без разлика дали одат на работа, на студии или кај своите блиски. Паралелно, поврзувањето со Косово се унапредува и со изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Со неговото завршување ќе се поврзат автопатите од двете страни на границата, што ќе го олесни патувањето кон Приштина и транспортот на стоки. За ВЛЕН, двата проекта се меѓу приоритетите за инфраструктурно поврзување. Нашите граѓани и компании со години чекаат сообраќајни врски што ќе им ги олеснат секојдневните патувања и деловната соработка.
Затоа, како дел од Владата, се залагаме овие проекти да се реализираат што поскоро. Тие ќе им овозможат на граѓаните полесно и побрзо патување, а на компаниите поефикасен транспорт на стоки. Со автопатот Скопје–Блаце и директната железничка линија, Скопје и Приштина ќе бидат поблиску и во секојдневниот живот“, соопштија од партијата.