Уапсен скопјанец, во неговиот дом пронајдена бомба

Макфакс

02/10/2026

13:20

188

Големина на фонт

а а а

Во Скопје е уапсен маж од 33 години при што во неговиот дом е пронајдена рачна бомба. Случајот е во тек и се очекува поднесување на пријава против лицето.

Полицијата уапси едно лице во Скопје, пронајдена е рачна бомба при претрес во неговиот дом.

Според информациите на МВР, вчера во 19:35 час на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена рачна бомба кашикара.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.