[ФОТО] Официјално: Димитриевски и соиграчите добија нов тренер во Валенсија

Дерби

23/09/2026

12:12

334

Големина на фонт

а а а

Валенсија загуби од Реал Сосиедад пред подолгата репрезентативната пауза која следи и стана јасно дека навивачите на клубот ќе имаат тежок период поради фактот што тимот се наоѓа во опасната зона, но уште пред да пристигна драматичниот пораз од Баскијците, беше јасно дека на „Месталја“ ќе има важни промени.

Клубот го отпушти цел стручен штаб и речиси цел спортски сектор по ужасниот старт на сезоната, па откако беше назначен нов спортски директор во Браулио Васкез, сега пристигна официјална информација и за новиот тренер.

Валенсија се одлучи за проверен тренер во Ла Лига и искусен стручњак кој има големо искуство, а тоа е Мексиканецот Хавиер Агире кој ја водеше својата национална селекција на последното Светско првенство.

Агире реши да се повлече откако Мексико загуби од Англија во осминафиналето, но два месеци подоцна, реши да го прифати предизвикот наречен Валенсија и да се врати во шпанската елита.

Мексиканецот во својата богата тренерска кариера има работено во Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагаоса, Еспањол, Леганес и Мајорка, па така Валенсија ќе биде седми тим што ќе го води во шпанската елита.

Валенсија како клуб во официјалното соопштение најави дека тој ќе биде промовиран пред новинарите наредниот понеделник, а во договорот кој првично ќе трае до крајот на сезоната, вклучена и клаузула за продолжување на соработката за уште една година.