Засилени контроли за непочитување на правилата за првенство на минување – констатирани 75 прекршоци

Макфакс

23/09/2026

10:20

174

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за непочитување на правилата за првенство на минување низ целата држава, при што беа констатирани 75 прекршоци и преземени соодветни мерки, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Вчера во периодот од 07:00 до 12:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон санкционирање на возачи кои не ги почитуваат правилата за првенство на минување.

При спроведените контроли констатирани се 75 прекршоци, при што се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Во текот на контролата констатирани се и 283 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи најавува дека продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.