Во Њујорк беа евакуирани неколку згради и затворени улици во близина на седиштето на Обединетите нации поради сомнителен пакет оставен без надзор, додека трае Генералното собрание на ОН на кое присуствуваат светски лидери.
Неколку згради беа евакуирани во Њујорк во вторникoт, додека полицијата истражуваше сомнителен пакет во близина на Источната 43-та улица и Трета авенија на Менхетен, на неколку блока од седиштето на Обединетите нации, каде што се одржува Генералното собрание на ОН.
Полициската управа на Њујорк (NYPD) ги затвори Источните 42-ра до Источната 44-та улица помеѓу Втората и Лексингтон авенијата и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа околу Источната 43-та улица и Третата авенија поради затворање на патиштата и можни доцнења.
Според непотврдени информации, сомнителниот предмет би можел да биде куфер оставен без надзор.
Полицијата потврди дека зградите се евакуирани, но не соопшти колку од нив се евакуирани.
По завршувањето на интервенцијата, улиците беа повторно отворени, а полициските службеници не сакаа да објават детали за сомнителниот пакет, вклучително и неговата локација и содржина.
Инцидентот се случил за време на Генералното собрание на ОН, на кое присуствуваат многу светски лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше на Генералното собрание во вторникот и одржа неколку билатерални средби со странски претставници.








