[ВИДЕО] „Мовистар“ објави урнебесно видео од Столе на „Месталја“, Македонецот се изнасмеа на необичната сцена

Дерби

22/09/2026

09:24

453

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски и неговите соиграчи од Валенсија се прикажаа во далеку подобро светло на последните два натпревари, но на оној против Реал Сосиедад им недостасуваше и малку среќа и загубија со 2:3 во судиското продолжение.

Валенсија оди на долга репрезентативна пауза во опасната зона и јасно дека ќе следи голема промена на „Месталја“ веќе оваа недела, бидејќи предвидено е од петок тимот да го преземе Хавиер Агире и да почне една нова ера со мексиканскиот стручњак на клупата.

Агире ќе може да извлече некој позитивен заклучок од последните два меча кои ги одиграа „лилјаците“, а бидејќи до следниот меч има цели три недели, ќе може и дополнително да анализира каде тимот може и мора да се поправи.

Позицијата на Столе Димитриевски треба да биде сигурна и со новиот тренер кој пристигнува во Валенсија, па во период кога следи пауза од клупскиот фудбал, „Мовистар“ објави едно видео од мечот со Сосиедад кое го насмеа и Македонецот.

Специјализираната програма „Ден подоцна“ откри дека Димитриевски уживал во миризбата на маста која служи за загревање, а необичната сцена брзо стана вирална и успеа да го насмее и нашиот Столе кој се јави со коментар на објавата.