[ФОТО] Суперкомпјутер го предвиде шампионот во Премиер лигата, разликата меѓу првакот и вицепрвакот ќе биде три бода

Дерби

22/09/2026

08:50

287

Големина на фонт

а а а

Клупскиот фудбал ќе биде во мирување некое време, па можат да се направат одредени анализи, заклучоци за тоа што се случи во почетната фаза на сезоната 2026/2027.

И оваа година Премиер лигата е најпратена, најследена од повеќе причини, а првите пет рунди минаа во знакот на Манчестер Сити, единствената екипа со перфектен учинок и 15 освоени бода. Многумина се прашуваа како „граѓаните“ ќе изгледаат без Пеп Гвардиола и одговорот е дека засега одлично им оди, одиграа без грешка и со самодоверба ќе го дочекаат продолжението од шампионатот.

Втор е Арсенал, бранителнот на пехарот со 12 бода, еден пораз и тоа од Брајтон кој пак со 10 поени е на третата позиција.


Суперкомпјутерот кој го има името „BETSiE“ ја има најновата прогноза за тоа како ќе изгледа завршната табела на крајот на тековнава кампања. Она што е забележливо е дека имаме промена во однос на тоа кој ќе ја освои титулата, па Сити е пред Арсенал или поточно прогнозата е дека разликата ќе биде само три бода.

Во Топ 5 ќе бидат уште Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед, додека лигата ќе ја напуштат Ипсвич, Хал и Ковентри Сити.