Шасивари – Миљаниќ: Продлабочување на соработката со Црна Гора во реформите и европската интеграција

Макфакс

21/09/2026

12:20

162

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, разговараа за продлабочување на билатералната соработка во правосудството, владеењето на правото и европската интеграција, нагласувајќи ја важноста од реформи и конкретни резултати во процесот на интеграција.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Зоран Миљаниќ, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција.

На средбата беше истакнато високото ниво на соработка меѓу двете земји, јакнењето на владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и унапредувањето на транспарентноста и дигитализацијата на правосудството.

„Искуството на Црна Гора покажува дека европската интеграција не е политички слоган. Таа е процес што се мери преку европски закони, функционални институции и конкретни, проверливи резултати. Особено во правосудството, европските стандарди не се само прашање на усогласување на законите. Тие се докажуваат преку независно судство, ефикасна борба против корупцијата и доследна примена на законите. Европската интеграција се гради со работа, реформи и резултати“, рече Шасивари.