Деветта жртва од Западнонилска треска во Македонија, почина 66-годишен пациент

Макфакс

21/09/2026

13:12

268

Големина на фонт

а а а

Бројот на смртни случаи од Западнонилска треска во Македонија достигна девет, откако почина 66-годишен пациент со невроинвазивна форма на болеста. Пациентот бил на механичка вентилација и имал повеќе придружни болести. Во моментов 11 пациенти се хоспитализирани, од кои еден е во потешка состојба.

Уште еден пациент почина како последица на Западнонилска треска, со што бројот на смртни случаи од болеста се искачи на девет.

Како што информира директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, станува збор за 66-годишен пациент со потврдена невроинвазивна форма на болеста, кој бил хоспитализиран 28 дена и бил на механичка вентилација. Пациентот имал и повеќе придружни заболувања.

Досега на Клиниката биле хоспитализирани вкупно 66 пациенти со Западнонилска треска. Во моментов се хоспитализирани 11 пациенти, од кои еден е со потешка клиничка слика.