Де Ѕерби јавно го прозва 100-милионското засилување: Не сакам да го нападнам, но не сум задоволен како одигра

Дерби

20/09/2026

12:40

730

Големина на фонт

а а а

Тотенхем врза два натпревари без пораз во Премиер лигата со две реми пресметки против Нотингем Форест и Евертон, но кога сите го исчекуваа првиот триумф, вчера следеше големо разочарување за Роберто Де Ѕерби и фановите од Северен Лондон.

„Петлите“ загубија на домашен терен од Астон Вила со 2:3 на натпревар на кој имаа негатива од 2:3, а почесните голови во завршницата не ја оттргнаа фрустрацијата која дефинитивно владее во главниот град.

Тотенхем потроши 400 милиони евра на нови трансфери и се очекуваше да се бори за излез во Европа, но по пет одиграни кола, тимот на Де Ѕерби има само два бода и е претпоследен на табелата (со опасност да падне и на последното место).

Италијанскиот стручњак засега не успева да го извлече најдоброто од големите ѕвезди кои ги донесе во летниот преоден рок, а по поразот од Астон Вила, Де Ѕерби реши да му испорача јавна прозивка на Матеуш Фернандеш кој клубот го чинеше 100 милиони евра.

– Имам голема доверба во квалитетите на Матеуш, но воопшто не ми се допаднаа неговите перформанси денеска. Не сакам да звучи како напад врз мојот играч, јас навистина го сакам и го обожавам, но работата е едноставна. Сакам многу повеќе од него и очекувам да биде многу подобар од тоа што беше денес. Очекувам многу од него дури и кога не игра на природна позиција какошто беше случај против Астон Вила, – изјави Де Ѕерби.