Малолетник истепан во двор од основно училиште во Ѓорче Петров: Се здобил со тешки повреди

Макфакс

17/09/2026

14:10

233

Големина на фонт

а а а

Во Основно училиште во Ѓорче Петров, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници по расправија, при што се здобил со тешки телесни повреди. Случајот е пријавен и се преземаат мерки за расчистување.

Вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.