Англиските клубови направија големо трансфери и потрошија сериозна сума на пари во летниот преоден рок, меѓутоа некои желби останаа неостварени и за нова акција ќе мора да почекаме до 2027 година.
Еден од играчите за кого се зборуваше во јавноста, медиумите, а не направи трансфер е Адам Вортон од Кристал Палас. Тој има 22 години, веќе е англиски репрезентативец, поседува квалитет кој доста значајни екипи го препознаа и за него имаше интерес од Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед…
Некои од нив се одлучија за други потези откако Кристал Палас им порача дека не планираат да се ослободат од фудбалерот од средината на теренот, а и самиот Вортон сега призна дека воопшто не помисли да го напушти Лондон.
- Да бидам искрен, никогаш навистина не размислував за трансфер ова лето. Се држам многу подалеку од тоа, а мојот агент навистина не ми кажува ништо. Не сакам ништо да знам. Ако не планирам да се преселам, тогаш нема потреба да имам никакви информации. Тоа би било само во вашиот ум и ќе размислувате премногу за тоа, па затоа никогаш не размислував за друг клуб.
- Секогаш бев тука на тренинзи, со нетрпение ја очекувам новата сезона со тренерот [Пјер Саж] и новиот персонал, очигледно нови играчи доаѓаат. Сè уште имам три години во Кристал Палас, па колку што знам, тука сум уште три години освен ако не дојде друг клуб или нема нов договор.
- Не знам, не гледам премногу далеку напред. Само гледам недела по недела, натпревар по натпревар, и тоа ми помага да го извлечам најдоброто од себе за да можам да се концентрирам на она што е следно. Никогаш нема ништо посебно и среќен сум што сум тука, играм натпревари и очигледно се обидувам да се подобрам, - порача Англичанецот.






