Швајцарија е еден од ривалите на Македонија во Лигата на нации, противник со кој ќе одиграме два натпревари (дома и гости) во престојниот „прозорец“ наменет за репрезентациите.
26 септември и 6 октомври се термините со кои ќе ги одмериме силите со Швајцарците чиј селектор Мурат Јакин денеска го објави списокот на играчи.
Јакин смета на 25 играчи од кои 20 беа дел од Светското првенство кое се одржа во САД, Мексико и Канада, турнир на кој оваа селекција стигна до четвртфиналето каде загуби од Аргентина со 3-1 по продолженијата.
Мурат повика и двајза дебитанти Винсли Ботели и Саша Бричги, а има и тројца повратници во националниот тим Закари Атекаме, Адријан Бајрами и Алвин Санчез.
- По фантастичното Светско првенство во Северна Америка, сега сакаме да имаме успешна кампања во Лигата на нации и да оствариме промоција назад во Лигата А. Сакаме да го искористиме овој интензивен период со четири натпревари во три земји во рок од единаесет дена што е можно поефикасно и да создадеме добра почетна позиција. По неколку пензионирања, сакаме да тестираме и еден или двајца нови играчи, или оние кои сè уште не играле многу, во натпреварувачки натпревари, - порача Јакин.
Лидер на Швајцарија останува Џака, но тука се и Аканџи, Кобел, Родригез, Јашари, Емболо, Фројлер, Манзамби…






