Челси беше еден од клубовите кој беше доминантен и испиша историја под водство на Роман Абрамович, но откако се случи проблемот, војната меѓу Русија и Укрина тој беше принуден да си замине од премиерлигашот, а како еден вид на негов наследник, најистурен играч се појави Тод Боли.
Меѓутоа Американецот и неговите луѓе, групацијата која го презема клубот не се прослави кога се во прашање резултатите и сега тој заедно со Марк Волтер одлучија да ги продадат своите акции што го имаа во Челси и тоа на „Клеарлејк Капитал“.
Тие двајца имаа по 12.83% удел во клубот со тоа што сега истите одат кај „Клеарлејк Капитал“, инвестициската компанија која го презема целосно раководењето со англискиот великан. Дел од сопственичката структура ќе остане и Хансјорг Вајс со 12,8 проценти.
Конзорциумот го купи Челси за 2,5 милијарди фунти (3,3 милијарди долари) во 2022 година, а дополнителни 1,75 милијарди фунти (2,3 милијарди долари) беа посветени на инвестиции во клубот откако поранешниот сопственик Абрамович беше санкциониран поради наводни врски со рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина од страна на земјата.
„Фајненшл тајмс“ објави дека Валтер и Боли ќе добијат 950 милиони фунти (1,3 милијарди долари) за нивниот комбиниран удел во договор што го проценува клубот на 5 милијарди фунти (6,7 милијарди долари), вклучувајќи го и долгот.






