Родри беше инволвиран во еден од трансферите на ова лето, трансфер од Манчестер Сити во редовите на Барселона.
Шпанецот сметаше дека е време за промена, за заминување од Манчестер и враќање дома, па долго време фаворит за неговиот потпис беше Реал Мадрид, меѓутоа се случи пресврт и Родри се одлучи да ја избере Барселона откако стигна повикот од „Камп Ноу“.
Ова беше потег кој секако донесе различни реакции, а играчот за врска сега и отворено ја објасни донесената одлука.
- Тоа беше процес, а не одлука. Прво, мора да сфатите дека вашето време таму е заврѓено и дека можеби сакате нов предизвик. Оттогаш, во моментот кога се појави можноста за Барселона, сфатив дека тоа е најдоброто нешто за мене од многу причини.
- Секогаш ги базирав моите одлуки на спортски размислувања – каде што верувам дека ќе можам да победувам, да бидам среќен и, пред сè, да се развивам како играч. И затоа ја избрав Барса – исто така и поради генерацијата играчи што ја имаат и она што Ханси го гради таму. На крајот, Деко и Ханси, на врвот на организацијата, ме убедија, - вели Родри.
- Морав да размислам за многу работи и да донесам толку важна одлука помеѓу два од најдобрите клуба во светот. На крајот, ја донесов мојата одлука врз основа на спортски размислувања – на она што предизвика малку повеќе ентузијазам кај мене и на разбирањето каде можам да победувам и да се развивам најмногу како играч. Воопшто не беше лесна одлука; да се каже не на Реал не беше лесно, особено затоа што се однесуваа исклучително добро кон мене, -додаде играчот за врска кој посочи дека случувањата поврзани со Златната топка немале никаква улога во неговата конечна одлука.





