Пороен дожд, грмежи и засилен ветер: УХМР најави невреме за утре

Макфакс

14/09/2026

11:40

2.032

Големина на фонт

а а а

УХМР најави дека утре времето во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови за појава на невреме и град во некои делови.

Утре времето ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави УХМР.

Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје, утре ќе биде сончево и топло. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.