[ФОТО] Пациент со повреда на ’рбетот почна да губи невролошки функции, тим од ТОАРИЛУЦ итно замина во Прилеп

Макфакс

13/09/2026

09:32

2.233

Големина на фонт

а а а

Тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ итно замина во Прилеп за да интервенира кај пациент со повреда на ’рбетот кој почна да губи невролошки функции, обезбедувајќи му специјализирана помош за да се спречи понатамошно оштетување.

Вчера, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, директорот д-р Мерџаноски замина во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети.

– Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие неопходната специјализирана помош. Како директор на ТОАРИЛУЦ, трауматолог и спинален хирург, заедно со анестезиологот д-р Александар Димитроски и нашиот тим, ќе направиме сè што е во наша моќ за да го спасиме пациентот и да спречиме понатамошно невролошко оштетување.

Ова е вистинската смисла на дисперзираната здравствена услуга – стручниот тим да стигне до пациентот таму каде што е најпотребен, дури и во најитните случаи, без оглед на денот, времето или местото.