Отворен дијалог за забрзување на правосудните реформи

Макфакс

26/08/2026

15:10

73

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари и директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска разговараа за напредокот во правосудните реформи и значењето на отворениот дијалог со граѓанскиот сектор за успешно спроведување на законските решенија од Реформската агенда и Поглавјето 23.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска на која се дискутираше за актуелните реформи во правосудството и законските решенија кои произлегуваат од Реформската агенда и Поглавјето 23.

Беше истакната важноста од отворен дијалог и вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето и спроведувањето на реформите, како и спроведувањето на Секторската развојна стратегија за правосудството.

На средбата беше потврдена определбата за продолжување на конструктивната соработка, со цел реформите да се темелат на јасни приоритети, мерливи резултати и европски стандарди, соопшти Министерството за правда.