Во Гази Баба беше извлечено човечко тело од реката Вардар, идентификувано како Т.Г.(83) од Скопје, за кого претходно бил пријавен исчезнат од неговиот син. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Вчера во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот.
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.








