Претрес во Пробиштип, пронајдена дрога, уапсен 23-годишник

Макфакс

26/08/2026

14:30

96

Големина на фонт

а а а

Во Пробиштип полицијата уапси 23-годишник за време на претрес во неговиот дом каде беа пронајдени дрога и други предмети поврзани со криминална активност.

Вчера во 18:00 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода 23-годишниот А.Ѓ. од Пробиштип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, мобилен телефон и парични средства.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.