Сити активираше 100-милионски трансфер: Сензацијата од СП го облече синиот дрес!

Дерби

26/08/2026

14:03

587

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се очекува да биде крајно активен во завршницата од летниот преоден рок, но за разлика од досега сите реализирани излезни транфери, до почетокот на месец септември би требало да потврди уште неколку квалитетни засилување.

Клубот од „Итихад“ вчера ја официјализираше продажбата на Савињо во Тотенхем за 100 милиони евра, преговара и за заминувања на Нико Гонзалес и Омар Мармуш, но покрај сите најави за разделби со првотимци, денеска пристигна и едно суперзасилување во вид на мундијалската сензација.

Ајуб Буади ги воодушеви фудбалските фанови со сигурноста и квалитетот кој го понуди на Светското првенство, па Манчестер Сити реши сите пари кои ги доби од Савињо да ги пренамени за големиот талент.

Станува збор за играч за врска кој треба да донесе стабилност во средниот ред и да пополни неколку дупки со заминувања на важни играчи како Родри, Силва и Рајндерс, но очекувањата се тој да не биде последниот везен фудбалер кој ќе пристигне во Манчестер.

Сити има во план да тргне по тотална офанзива и по Енцо Фернандез, со што Енцо Мареска би го добил и последниот дел од сложувалката која ја има замислено за изгледот на својот среден ред.

Буади досега настапуваше за Лил и како 18-годишен тинејџер го режираше најголемиот трансфер во историјата на францускиот клуб.