Диего Симеоне им даде два дена одмор на своите фудбалери по ремито кое го извлекоа против Вилјареал со играч помалку на теренот, а ова утро на предвидениот тренинг на „душекџиите“ не се појави ѕвездата која е најкоментирана веќе два месеци.
Хулијан Алварез не се појавил на закажниот тренинг за ова утро и останал во својот дом во Мадрид, по што клубот брзо мораше да дава и кратко објаснување за оваа ситуација во период кога Аргентинецот прави секакви напори за да си замине од Атлетико.
Според информацијата која ја пренесе Атлетико, Алавез оставил лоша ноќ зад себе и поради вирус и лошата состојба не се појавил на денешниот тренинг, па на јавноста останува сама да проценува дали ќе верува во оваа верзија, или ќе почне дополнително да шпекулира за неговите контакти со Барселона.
Непојавувањето на тренингот дефинитивно ќе го зголеми и онака големиот јаз кој постои меѓу Алварез и навивачите на Атлетико, па од оваа гледна точка, мора да се признае дека Атлетико како клуб ќе преземе голем ризик да задржи фудбалер кој не се гледа во проектот во Чоло, но уште полошо, фудбалер кој не е сакан ниту еден фан на „душекџиите“.
Атлетико со денешниот тренинг ги започна подготовките за новиот предизвик кој следи во Ла Лига, а тоа е мечот против Севилја закажан за сабота.






