Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на косовскиот премиер

Макфакс

26/08/2026

08:10

1.071

Големина на фонт

а а а

Поради посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, а полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за безбедност.

Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерот на Косово, Албин Курти.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полицајците.

 

фото/Depositphotos