Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

Макфакс

25/08/2026

12:20

100

Големина на фонт

а а а

Мицкоски му одговори на Филипче во врска со изјавата дека се „не исти“, истакнувајќи дека никогаш не би сакал да биде ист со оние што ја уништија и ограбија Македонија и ја направи јасна разликата помеѓу нивните политички ставови.

Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на лидерот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција откако Филипче изјави дека „не се исти“.

Одговарајќи на прашање за ваквата изјава, Мицкоски рече дека за првпат може да се согласи со претседателот на опозициската партија дека навистина „не се исти“.

„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.