Валенсија му донесе конкуренција на Димитриевски за стартната голманска позиција

Дерби

25/08/2026

09:57

147

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски благодарение на извонредните партии се избори за стартерски статус и доби нов побогат договор од Валенсија, но по инсистирање на Карлос Корберан, тимот во новата сезона одново ќе има двајца голмани кои ќе се борат за стартната позиција.

Димитриевски беше недопирлив во изминатиот период и немаше вистинска конкуренција во голмани кои не се дел од плановите на Корберан, па затоа Валенсија како клуб инсистираше да донесе квалитетен голман кој ќе може да биде добра солуција меѓу стативите и изборот падна на талентиран Холанѓанец.

Валенсија вчеравечер го промовираше Кејн Ван Увелен како голман кој треба да претставува сериозна конкуренција за Столе за стартната позиција, бидејќи Ипсвич за неговиот трансфер неодамна плати 4 милиони евра.

Станува збор за талентиран холандски голман кој има 23 години, а самиот најави дека во Валенсија пристигнува со цел да му помогне на тимот и да се бори за своето место во проектот на тренерот Корберан.

На хартија, Столе треба да има предност пред Увелен и сигурно ќе биде стартер на натпреварите кои следат, но од друга страна, праксата за жал ни покажа дека ништо не може да се земе здраво за готово кога е во прашање Корберан и голманската позиција во прашање.

Увелен доаѓа на „Месталја“ како позајмен фудбалер, а Валенсија како клуб ќе нема право на откуп на крајот на сезоната.