Завршниот поздрав меѓу Чаби и Арбелоа расчисти многу дилеми за епизодата која ја имаа во Реал

Дерби

25/08/2026

11:53

135

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа беа двајца тренери кои го водеа Реал Мадрид минатата сезона, а судбината посака новата да ја отворат со директна пресметка како новоименувани менаџери во Премиер лигата.

Јавноста во Шпанија создаде непотребен јаз меѓу двајцата пријатели и се појавија шпекулации дека Алонсо му е лут на Арбелоа што прифатил да биде негов наследник кога доби шокантен отказ од Флорентино Перез, па во ситуација кога ниту еднаш не се огласи на оваа тема, Чаби им остави на медиумите дополнително да вадат различни приказни.

Се до вчера, вистинска непозната беше односот кој го имаат двајцата поранешени соиграчи, но завршниот поздрав на „Кревин Котиџ“ откри дека нема зли мисли.

Алонсо и Арбелоа се поздравија и пријателски се прегрнаа по последниот судиски свиреж, по кој и двајцата означија старт на своите авантури во англискиот фудбал.

Чаби дефинитивно ќе биде позадоволен бидејќи неговиот Челси славеше со 2:3, но не треба премногу да очајува и Арбелоа поради фактот што Фулам навистина добро парираше и изгледаше добро на теренот.