Сити договори засилување од Бразил за офанзивната линија

Дерби

25/08/2026

09:56

129

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се очекува да биде супер активен во завршницата на овој преоден рок и да доведе неколку засилувања по продажбата на добар дел од играчите.

Средината и нападот се линии кои треба да бидат освежени, да бидат додаден дополнителен квалитет, а како што стојат работите крилната позиција ќе биде засилена со интернационалец од Бразил.

Повеќе извори пренесуваат дека „граѓаните“ си подале рака со Палмеирас за услугите на 22-годишниот Алан Андраде Елиас. Се работи за играч кој ја покрива десната страна и кој треба да биде замена за Савињо кој оди во Тотенхем.

Операцијата ќе чини 40 милиони евра, плус бонуси, а Мареска ќе добие фудбалер кој треба да биде значајна опција во нападот.