Времето во земјава претпладнево ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето сончево и топло, со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од задутре до крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот, соопшти УУХМР.








