Интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер: УХМР најави невреме за денеска попладне

Макфакс

24/08/2026

11:50

4.363

Големина на фонт

а а а

Денеска попладне се очекува интензивно невреме со пороен дожд, силен ветер и грмежи во различни делови од земјата, а услови за град се исто така можни. УХМР најавува нестабилно време и за утре попладне.

Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот, најави УХМР.

Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.