РКЕ донесе одлука: Горивата поскапуваат, дизелот надмина 100 денари за литар!

Макфакс

24/08/2026

13:04

1.413

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика во Северна Македонија објави зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати со просечно зголемување од 2,62%, влијаејќи на цените на бензините, дизелот, екстра лесното масло и мазутот.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година.


Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за 4,842%, кај екстра лесното масло за 3,958% и кај мазутот зголемувањето е за 6,467%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг. и сега ќе изнесува 45,576 ден/кг.


„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.