Шасивари: Реформите во правосудството добиваат силна поддршка од ОБСЕ

Макфакс

29/07/2026

13:10

170

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари го нагласи значењето на соработката со ОБСЕ во подготовката и спроведувањето на реформите во правосудството, вклучувајќи нови закони и конференција посветена на организираниот криминал во затворите.

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и Русудан Табатаџе, шефица на Одделот за владеење на правото и човекови права при Мисијата на ОБСЕ.

На состанокот беше направен осврт на досегашната соработка во подготовката на реформските закони и на активностите за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната експертска и техничка поддршка што Мисијата на ОБСЕ ја обезбедува во спроведувањето на реформите во правосудството, особено во процесот на подготовка на новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка.

Во рамките на средбата, на министерот Шасивари му беше врачена покана за учество на меѓународната конференција „Организиран криминал во затворите“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која ќе се одржи на 2 и 3 септември во Скопје.

На конференцијата ќе учествуваат министри, амбасадори, меѓународни и домашни експерти, како и претставници на релевантни институции, при што ќе се дискутира за предизвиците и најдобрите практики во справувањето со организираниот криминал во казнено-поправните установи.

„Долгогодишното партнерство со ОБСЕ има големо значење за Министерството за правда во креирањето современа и квалитетна законска рамка, усогласена со европските стандарди. Успешната соработка ќе продолжи и во наредниот период, во интерес на понатамошното јакнење на владеењето на правото и правосудниот систем“, велат од Министерството.