СДСМ: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа – Евростат зборува со бројки

Макфакс

29/07/2026

12:00

165

Големина на фонт

а а а

Според последните податоци од Евростат, Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа, што ја сместува на дното според економските показатели за потрошувачка.

Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра, велат од СДСМ.

„Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во туризмот“ и за „економско чудо“, Евростат вели едно: Ние сме на дното. Ниските цени не се успех. Тие се одраз на сиромаштија и слаба куповна моќ. Евростат не држи прес-конференции. Евростат објавува реалност. А реалноста е дека граѓаните живеат полошо од сите во Европа. Тоа е економското чудо на Мицкоски во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија“, велат од СДСМ.