Полицијата уапси две лица од гостиварско поради организирање борби на кучиња, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за кривично дело мачење животни.
Полицијата уапси две лица од гостиварско за организирање борби на кучиња, следува соодветна пријава.
Синоќа во 01:30 часот, полициски службеници ги уапсија Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“.
Според информациите на МВР, претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се договориле да ги организираат борбите со кучињата. Извршен бил увид на местото, при што едно повредено куче било пронајдено во патничко возило „фиат“.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.







