Скопјанец сакал да смири тепачка, завршил со убодна рана

Макфакс

28/07/2026

15:00

296

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, маж кој се обидел да спречи физичка пресметка добил убодна рана со остар предмет и бил пренесен на лекарска и дијагностика. Полицијата работи на расветлување на настанот.

Утрово во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана.

Н.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.