Култниот актер откри зошто се повлекол од Холивуд: „Не сакав да преговарам“

Точка

27/07/2026

17:29

443

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Џон Кјузак откри зошто во последно време се повлекол од Холивуд. Гостувајќи на Комик-Кон во петокот, изјавил дека сака да раскажува приказни без мешање од страна на шефовите на филмските студија. Токму тоа го поттикнало да го напише својот претстоен графички роман „Момо“.

„Секогаш сум мислел дека графичките романи се најблиску до филмот. Ги избираш кадрите, толку се филмски“, изјавил актерот за Варајети. Кјузак објаснил дека се свртел кон пишувањето затоа што „не сакал да преговара околу раскажувањето на приказната“.

„Кога ќе побарате од некого да уплати 20 или 30 милиони долари на банкарска сметка за снимање филм, тој човек сака да го каже своето мислење, се плаши и слично“, изјави ѕвездата на филмот „Да се биде Џон Малкович“ (Being John Malkovich).

Наместо да бара финансиска поддршка за филм од други, актерот се здружил со илустраторот Игнасио Ное, а заедно го создале „Момо“ – според сопствени правила и под сопствени услови.

„Тоа беше едноставно: го напишав и си реков: „Ми се допаѓа приказната“, а потоа го ангажирав прекрасниот, извонреден уметник Игнасио Ное да ги направи илустрациите. Така, никој не уредуваше ништо од она што јас го напишав или што тој го нацрта. Значи, ова навистина е дело што го создадоа само две личности. Тоа беше само мојата и приказната на Игнасио, а денес такво нешто речиси и не се случува“, истакнал Кјузак.

Неговиот прв графички роман ќе биде објавен на 29 септември, а ја следи приказната за двајца бегалци од 1972 година кои тргнуваат во потрага по древен артефакт за телевизиската икона Џеки Глисон.


Кјузак со децении беше еден од најпрепознатливите главни актери во Холивуд. Глумел во филмовите „Grosse Pointe Blank“, „High Fidelity“ и „Con Air“. Во последните години неговата актерска кариера стана многу поселективна – се појавил во филмовите „Fog of War“ од 2025 година и „Detective Chinatown 1900“.

Инаку познатиот актер со години отворено зборува за состојбата во Холивуд.


„Мојот пријател Џо Рот го водеше Дизни. Снимаше филмови како „The Rock“ и „Con Air“ за да ги задоволи акционерите, но истовремено имаше шест или седум места за проекти на луѓе што му се допаѓаа. Така јас можев да ги снимам „High Fidelity“ и „Grosse Pointe Blank“. Спајк Ли можеше да го сними „Summer of Sam“. Вес Андерсон можеше да го сними „Rushmore“. На таков пристап кон филмската индустрија се сеќавам, а денес веќе го нема. Денес за нив односот е шест филмови – при што филмот го монтира одбор од луѓе кои воопшто не учествувале во неговото создавање – и можеби еден филм за тебе“, раскажал претходно Кјузак, кој не е единствениот член од неговото семејство што се оддалечил од светлината на рефлекторите.


Неговата сестра, актерката Џоун Кјузак, пред неколку месеци се појавила на црвениот килим по 11 години отсуство од јавни настани.

„Се чувствувам навистина почестена што толку долго работев во оваа индустрија. Но, исто така е прекрасно да си го живееш животот, да ги одгледуваш децата, да живееш во Чикаго и да бидеш обична личност“, изјавила таа во јуни за Варајатели.