[ФОТО] Арина Сабаленка покажа како изгледа нејзината родена сестра: Сличноста меѓу нив е неверојатна

Точка

26/07/2026

15:24

846

Големина на фонт

а а а

Белоруската тенисерка и моментално прва на светската ранг-листа, Арина Сабаленка, како и повеќето нејзини колешки, ужива на летен одмор по завршувањето на Вимблдон. Таа ниту годинава во Лондон не успеа да стигне до самиот финиш на турнирот, бидејќи беше елиминирана уште во осминафиналето од Наоми Осака.

Ова не е сезона од соништата за Сабаленка, која не успеа да освои ниту една гренд слем титула, поради што доби и критики од навивачите. Сепак, очигледно тоа не ја погодува премногу, бидејќи се труди да го живее животот со „полни гради“, што го покажуваат и нејзините чести видеа на ТикТок.

За приватниот живот на Арина речиси ништо не се знае, а уште помалку за членовите на нејзиното семејство, кои речиси никогаш не сме ги виделе во јавноста.

Меѓутоа, Белорусинката овојпат одлучила заедно со својата родена сестра Тонечка да сними вирално видео за споменатата социјална мрежа.

Тонечка има само 17 години, а заедно со Арина го одиграа познатиот танц од ТикТок, покажувајќи дека знае да се забавува со најдобрата тенисерка во светот и своја постара сестра.

Дека Сабаленка моментално ужива со своето семејство, се уверивме уште пред три дена, кога на Инстаграм објави заедничка фотографија со своите најблиски. На многумина им го привлече вниманието фактот колку всушност личи на својата мајка.

Инаку, Сабаленка во 2019 година го загуби својот татко Сергеј, кој тогаш почина. Тој беше еден од луѓето кои најмногу придонеле таа да се насочи кон тенисот и да ги постигне успесите што денес ги остварува на најголемите светски турнири.