Бордо се соочува со најголема закана: Огнот се приближува, се подготвува план за евакуација

Макфакс

26/07/2026

12:44

241

Големина на фонт

а а а

Пожарот во француската покраина Жиронд сериозно се шири кон градот Бордо, каде локалните власти подготвуваат план за евакуација поради влошувањето на ситуацијата и големите размери на огнената стихија. Повеќе од 220.000 луѓе се евакуирани, а пожарникарите и безбедносните сили се преоптоварени во обидите да го спречат ширењето на огнот.

Пожарот во француската покраина Жиронд продолжува да се шири кон Бордо, а локалните власти разгледуваат повеќе можни сценарија, меѓу кои и целосна евакуација на градот доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Портпарол на градската управа изјави дека во моментот се анализираат сите можни насоки во кои би можел да се развива пожарот. Меѓу нив е и евентуално целосно целосно евакуирање на Бордо.

Густ чад веќе се чувствува низ градот, а квалитетот на воздухот значително се влошил, што може да предизвика респираторни проблеми кај жителите.

Претседателот на синдикатот на пожарникари во Жиронд, Себастијан Берже, предупреди дека пожарникарите се преоптоварени поради размерите на огнената стихија.

Во гаснењето се ангажирани околу 1.400 пожарникари, 1.500 војници, 1.700 припадници на безбедносните служби и воздушни противпожарни сили.

Според последните проценки, пожарот досега зафатил околу 42.000 хектари, затворен е дел од автопатот А63 меѓу Бордо и Шпанија во должина од 60 километри, а 220.000 луѓе се евакуирани од областа Жиронд.