Денес сончево и топло со температура до 35 степени

Макфакс

26/07/2026

08:28

168

Големина на фонт

а а а

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло со температури кои ќе достигнат до 35 степени, со умерен ветер од различни правци во зависност од регионот.

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени.