Полициска акција во Тетово резултираше со апсење на 16-годишник кој без возачка дозвола управувал автомобил со германски таблички и излетал од патот, при што возилото му било одземено.
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







