Без струја делови од Зелениково и улицата Китка во Кисела Вода

Макфакс

22/07/2026

07:49

202

Големина на фонт

а а а

Денеска делови од Зелениково и улицата Китка во општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија поради планирани технички работи во одредени временски интервали.

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска (22.07.2026 година, среда) без електрична енергија ќе бидат:

-во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од ул.4 во Зелениково (општина Зелениково)

-во периодот од 12.00 до 15.00 часот дел од корисниците од дел од ул. Китка, лево од гробиштата по ридот (општина Кисела Вода).