Шарлиз Терон „му фрлила око“ на Мет Дејмон: Актерката не можела да го тргне погледот од разголениот колега, па ја споменала и неговата сопруга

Точка

21/07/2026

21:13

713

Големина на фонт

а а а

Актерката Шарлиз Терон е позната како бескомпромисен професионалец, но понекогаш, како и сите други, знае да се опушти и да ја изненади јавноста со коментари или однесување што никој не го очекува.

Таа неодамна повторно го привлекла вниманието на светската јавност откако признала дека не можела да остане рамнодушна кога го видела својот колега Мет Дејмон разголен.

„Го видов без сета таа опрема. Изгледа неверојатно. Навистина неверојатно“, изјавила Шарлиз во разговор за „Entertainment Tonight“.


Потоа, низ смеа додала дека се фатила себеси како премногу долго го набљудува.

„Буквално чудно го гледам. Во моментов му гледам во задникот. Не би требало да го правам тоа! Навистина не е во ред. Но изгледа фантастично“, се пошегувала добитничката на Оскар.

Нејзината изјава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина на шега коментираа дека по ваков комплимент можеби ќе мора да ѝ „положи сметки“ на сопругата на Мет, Лусијана.


Мет Дејмон откри како дошол до совршена форма

На почетокот на месецов, Дејмон зборувал за напорните подготовки за улогата на легендарниот крал Одисеј и признал дека многу потешко му било да го обликува телото во педесеттите години отколку кога бил помлад.

„Сосема поинаку е да градиш мускули во педесеттите. Навистина е тешко. Тоа станува цел начин на живот“, изјавил актерот во поткастот „Good Hang“, чија водителка е Ејми Полер.


Тој открил дека морал да ја промени исхраната, да го намали внесот на храна и целосно да го исфрли глутенот.

„Не ни знаев колку многу ми пречи глутенот. Во последните неколку години животот целосно ми се промени откако престанав да го консумирам“, објаснил Дејмон.

Сепак, признал дека не му е лесно да се откаже од омилената храна.


„Ми недостигаат лебот, пивото, тестенините и пицата, но се чувствувам многу подобро отколку порано“, изјавил актерот.

Љубовна приказна што трае повеќе од две децении

Дејмон и неговата сопруга Лусијана  Барозо се во брак од декември 2005 година и важат за еден од најстабилните холивудски парови.

Се запознале во 2003 година во Мајами, додека актерот снимал филм, а Лусијана работела како келнерка во еден бар.


Таа еднаш раскажала дека меѓу нив веднаш се појавила посебна хемија, но дека го одбила неговиот прв повик за состанок бидејќи, како самохрана мајка, сакала времето да го помине со својата четиригодишна ќерка Алексија.

Токму тоа, како што рекла уште повеќе го освоило Мет.


„Ми рече дека му се допаѓа тоа што сум мајка и што ќерка ми мѝ е на прво место. За некого тоа можеби би било комплицирано, но за него не беше“, се присетила Лусијана.

Денес, парот заедно одгледува четири ќерки и важи за еден од најхармоничните бракови во Холивуд.