Утре променливо облачно време, попладне локален дожд и грмежи

Макфакс

08/07/2026

18:06

200

Големина на фонт

а а а

Утрешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но ќе има и услови за пороен дожд и грмежи во некои делови. Прогнозата вклучува умерен до засилен ветер и температури кои ќе достигнат до 34 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.