[ВИДЕО] Се урива „Али Тобако“ на Бит Пазар, објектот беше на велосипедска и пешачка патека

Макфакс

02/07/2026

13:50

454

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави отстранување на диво поставениот објект „Али“ тобако на Бит Пазар, кој се наоѓа на јавна површина и узурпира велосипедски и пешачки патеки.

Тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар се урива, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, напиша кратко Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.


Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни површини, велосипедски и пешачки патеки, како и зелени зони.

„На Бит-пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме“, рече тогаш градоначалникот.