Милошоски и криминалната група ВМРО панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ велат од СДСМ

Макфакс

29/06/2026

18:53

205

Големина на фонт

а а а

Антонио Милошоски е обвинет од СДСМ дека панично бара алиби за неисполнување на обврските кон ЕУ, додека ВМРО се соочува со паника и пад на рејтингот, а владејачката партија се критикува за неуспешна реформа и кривични активности.

Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече, реагираат од СДСМ откако Милошоски на прес-конференција кажа дека Филипче уште сега создава алиби за како што рече, дебаклот што ќе го доживее на следните избори.

Милошоски и изборен законик

„Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто да одржи прес конференција на тема Изборен законик, доколку беше донесен законот за двојно државјанство – кој панично го повлекоа од процедура за да не останат без министри во Владата ниту без пратеници во Собранието.

Човек со бугарско државјанство нема легитимитет да одлучува за изборните правила на македонската држава.

Паника во ВМРО

Она што денес го гледаме е паника во редовите на ВМРО.

Тие брзаат да го донесат законот затоа што нема пари во буџетот, економијата е во колапс, а веќе нема пари ниту за пензии. Затоа им се брза на предвремени избори“.

Реформска агенда

Со реформската агенда, додаваат од СДСМ за владејачката партија, не направија ништо. „Мицкоски лично вети дека сè од реформите ќе биде завршено до 1 Јуни.

Како изгледаат нивните „реформи“, јасно покажува фактот дека реформскиот закон за Судски совет, Европа го врати на повторно реформирање.

Така изгледаат реформите кога ги спроведува организирана криминална група.

Обврски кон ЕУ

Сега, за неисполнувањето на обврските кон ЕУ, повторно бараат алиби кај опозицијата поточно кај СДСМ, како единствена вистинска опозиција.

За да им биде јасно на граѓаните каков е овој предлог на Изборен закон, СДСМ уште денес ќе поднесе амамдмани кон текстот на истиот“.

Кривични обвиненија и критики

За СДСМ, сè што прави ВМРО-ОКГ е криминал, па така и овој закон.

ВМРО, како што оценуваат од опозицискатата партија, е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови, рејтингот на Мицкоски според нив, е целосно урнат поради секојдневните лаги, пари нема, па единственото што им преостанува е да ги забрзаат предвремените избори.

Критика на законите

„Законот за техничка влада го укинаа на сила, без консензус. Сега го прават истото и со Изборниот законик.

Наместо да ги решаваат најважните точки од реформската агенда, повторно прават претстава.

Сè е еден голем театар со веќе познати глумци и нивните сателити“.