Во Куманово три малолетни деца беа пронајдени во бессознание, најверојатно поради затрување од вдишување лепак, по што им беше укажана брза медицинска помош.
Три малолетни деца – 15-годишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 12 и 9 години – биле пронајдени во безсознание на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.

Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот. Првичните информации укажуваат дека децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак.

Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош.







