17-годишен млад човек од општина Карбинци се здобил со тешки повреди при пад од коњ и бил пренесен во Скопје за итна лекарска помош.
Вчера од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид.







