МНР за запалените возила пред бугарската амбасада: Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Макфакс

15/06/2026

15:40

230

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија осудува запалување на возила пред бугарската амбасада во Скопје и информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и санкционирање на сторителите.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

„Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот“, се наведува во соошштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија наведуваат дека даваат целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.