Седлоски: Лошото да го оставиме зад нас, следат подобри денови за националниот тим

Дерби

10/06/2026

15:56

272

Големина на фонт

а а а

Масар Омерагиќ како прв човек на ФФМ го отвори брифингот со новинарите, но дел од тимот кој се појави пред медиумите беше и селекторот на најсилната репрезентација, Гоце Седлоски.

Човекот кој донесе шампионска титула за Вардар во домашниот тим од крајот на сезоната ја извршува исклучиво улогата на национален селектор, па после лошиот старт кој го имаше во месец март и мај, Седлоски најави дека следат доста подобри денови за репрезентативниот тим.

Седлоски повика пет новајлии за предизвиците со Босна и Херцеговина и Турција и им даде шанса на сите фубалери, но во иднина посакува да викне и некое ново име кое посакува да изненади во младинските категории.

– На последниот список имаше повеќе фудбалери и викнав дел од македонското првенство. Сите играчи добија шанса, очекуваме во иднина да добиеме и некое име од младинската репрезентација. Сакаме да видиме ново име кое ќе изненади, но тоа засега не е случај.

– За да дојдеш до најсилниот национален тим, мора да има заслуга. Сега кога веќе не сум во Вардар, ќе ги следам сите генерации и ќе ги следам младите играчи. Атмосферата во националниот тим останува добра и покрај поразот од Турција. Игравме против силен ривал и сега ќе следат тешки предизвици и во Лигата на нации. Да го оставиме лошото зад нас, верувам дека следат подобри денови за сите во репрезентацијата, – изјави Седлоски.